16 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Прилеп: Девет излекувани – 3 нови случаи на заболени

Во општина Прилеп денеска се евидентирани 3 нови случаи на новозаболени од КОВИД-19, а 9 пациенти се излекувани од оваа заразна болест. По еден излекуван пациент има и во општините Крушево и Пласница.

На Инфективното одделение во прилепската Општа болница „Борка Талески“ -Прилеп ,хоспитализирани се 16 лица. Од нив, 11 се позитивни на коронавирус, а 5 пациенти се наоѓаат во делот на изолација. Заради потешката клиничка слика, двајца пациенти се испратени на лекување во болницата „8.Септември“ во Скопје.

Во самоизолација се наоѓаат 241 лице. Во изминатото деноноќие забележан е еден случај на нарушување на полицискиот час.

Би можело да ве интересира

Автомобил удрил во мопед-прилепчанка тешко повредена

Работилници “Активација на ранливи групи на пазарот на трудот преку менторство и коучинг”

Прилеп одбележува 77 години од Денот на конечното ослободување на градот

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе