И, додека градскиот зелен пазар во Прилеп, поради спречување на ширењето на короноварусот одличи да не работи во сабота, кога е пазарен ден во Прилеп , со цел да се намали собирањето на граѓаните во групи, денеска, сабота 16 -ти април, за време на вообичаениот пазарни ден, наместо во пазарот, околу затворениот објект на пазари, направен голем импровизиран пазар, со стотина „тезги“ , и тоа по принципот „продажба на земја“.
Голем број на пазарџии, земјоделци, закупци, својата стока денеска ја донесоа во Прилеп и продава надвор од пазарот, бидејќи тој, сега, во сабота е затворен . А, прилепчани, кој со маска , кој без маска, и покрај препораките на здравствените власти да го намалат собирањето и да држат социјална дистанца, едноставно не одолиа , да не излезат, да не се смешаат меѓу пазарџиите и да не си испазарат во стандарниот пазарен ден во Прилеп, САБОТА !
И, после ова останува отворено прашањето „Дали е подобро да работи или не градскиот зелен пазар во Прилеп, во саботните денови или не?!„ Бидејќи, ниту ваквиот начин на продажба е хигиенски, здрав и правилен, ниту пак, опасноста од ширењето на вирусот би бил , вака, намелен…
Инаку, кон крајот на март, ЈКП „Пазари„ донесе одлука ,зелениот пазар во Прилеп да биде целосно затворен и покрај штетите кои им беа нанесени на пазарџиите и претпријатието. Потоа, по неколкудневното затворање, кое предизвикува навалици пред маркетите и пиљарите, прилепскиот кризен штаб, во интерес на граѓаните, на една од седниците донесена одлука да се отвори пазарот во работните денови и да функционира според заострени мерки, секој работен ден од 8 до 15 часот. На градскиот пазар во Прилеп се собира стока од 200 пазарџии.
„На сите продавачи и закупци на тезги ќе им бидат поделени заштитни маски, ракавици и штитници за лице, на влезовите од пазарот ќе бидат поставени средства за дезинфекција, а ќе бидат ангажирани и зголемен број редари, кои ќе помагаат во одржувањето на редот во пазарот, изјави тогаш градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски.