-1.4 C
Прилеп
недела, 24 ноември, 2024
Пела Радио

Прилеп: 4 оздравени, а 3 нови случаи заразени од корона вирус

Според информациите од Министерството за здравство, во Институтот за јавно здравје во изминатите 24 часа направени биле 426 тестирања, а регистрирани се 30 нови случаи на Ковид-19 и тоа најмногу во Скопје-11, Тетово-6, Велес-5, Прилеп-3, Куманово-2, Штип-1, Битола-1, Охрид-1. Регистрирани се во изминатото деноноќие 26 оздравени пациенти од кои во: Скопје-1, Куманово-14, Прилеп-4, Тетово-3, Велес-4.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа 3 пациенти, пациент од Велес (58г) примен на 12 мај, пациент од Тетово (57г) лекуван на клиниката од 22 април и уште еден пациент од Тетово (78г) хоспитализиран на 11 мај.
Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1792, бројката на оздравени пациенти е 1293, на починати е 101, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 398.
Од вкупниот број на направени тестови во изминатото деноноќие 184 теста се направени во рамките на скринингот од градинките и сите се негативни.
Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се 4 пациенти, а вкупно се хоспитализирани 47. На кислородна поддршка се 19, а на механичка вентилација е 1 пациент.
Во ГОБ „8 септември“ примени се 7 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 19. На респираторна машина се 7 пациенти и уште 1 пациент е со потешка клиничка слика.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 5, на домашно лекување се следат уште 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно 4, нема пациенти кои се следат на домашно лекување. На ифективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово, Охрид и Прилеп се хоспитализирани 47 пациенти позитивни и сомнителни на ковид-19.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп наврнаа 25 литри дожд на метар квадратен, во Крушево 23 литри

(Видео) Уапсен прилепчанец за подметнување пожар

Гордана Цветаноска

Утре движење низ Прилеп само со маски

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе