Во општина Прилеп денеска нема нови случаи на заболени од коронавирус, како ни новооздравени од оваа заразна болест, ова е информација за состојбата со коронавирусот за вторник 26 мај.
Вкупниот број на активни случаи изнесува 46, од кои 28 лица се наоѓаат на домашно лекување, а во самоизолација се наоѓаат 72 лица.
Инаку, до сега од почетокот на пандемијата во општина Прилеп се регистрирани вкупно 210 позитивни случаи на Ковид19.
За време на продолжениот викенд, регистрирани се две нарушувања на полицискиот час.