Почитувани, она, што за жал го гледаме во одредени општини ширум државата, каде деновиве има зголемен број на нозозаболени од коронавирус, во најголем дел е резултат на неодговорноста на техничкиот министер Наќе Чулев.
Масовните прекршувања на забраните за собири и бројните прекршувања на полицискиот час, беа игнорирани од Чулев, со што тој свесно го загрози јавното здравје. За да ја спречиме неодговорноста на Чулев и неговиот шеф Христијан Мицкоски, и уште подобро да се справиме со здравствените и економски последици од пандемијата, потребни се избори. Ново Собрание и Влада со целосен легитимет, кои ќе им служат на граѓаните и ќе се подготват за новиот бран од пандемијата наесен“ -соопшти Гордана Макалоска – портпарол на ОО СДСМ – Прилеп, со допис до новинарите