-0.7 C
Прилеп
сабота, 23 ноември, 2024
Пела Радио

Се асфалтира патниот правец Кадино – Галичани

Во тек се градежните работи на регионалниот пат помеѓу населените места Кадино Село и Галичани, каде се реализира асфалтирањето на овој патен правец.Реконструкцијата на овој регионален пат е инвестиција на Јавното претпријатие „Македонија пат“ во соработка со Министерството за транспорт и врски. Денеска, на увид на теренските активности беа градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски, претседателот на Општинскиот Совет, Миле Талевски и директорот на ЈП „Македонија пат“, Беким Мемеди. Во населените места Кадино село и Галичани, претходните два месеци, реконструирани се дел од улиците, во вкупна должина од околу 900 метри.

„Регионалниот пат помеѓу овие две населени места, во должина од околу 3.5 километри
во тек е негово целосно асфалтирање. Сакам да упатам благодарност до Јавното претпријатие „Македонија пат“, затоа што излегува во пресрет и ја гради оваа делница, а сето тоа во интерес на граѓаните од овие населени места“, рече градоначалникот Јованоски, додавајќи дека од следната недела продолжуваат градежните активности и во останатите населени места во општина Прилеп.

Директорот на „Македонија пат“, Беким Мемеди потенцираше дека успешната
соработка на претпријатието со локалната самоуправа и Министерството за
транспорт и врски, доведе до вистинска градежна офанзива во целиот регион.

„ Патот е во должина од 3.5 км и ширина од 3.30 метри, инвестиција во вредност од 10.000.000 денари. Ја продолжуваме одлична соработка со градоначалникот на општина Прилеп, така да активностите не застануваат тука. Во тек се градежни активности и на патниот правец Витолиште – Штавица, во мариовскиот дел. Наредната недела започнува асфалтирањето на овој патен правец, којшто е од огромен интерес
за прилепчани и за жителите од овој регион“, изјави директорот Мемеди.

Би можело да ве интересира

Јовчески ќе го донира износот од покачување на својата плата

Елизабета Филипоска

Ајде сите деца на театар – единствен театарски фестивал за деца „Силјан Штркот„

Елизабета Филипоска

Илија Јованоски ја презеде функцијата градоначалник на Општина Прилеп

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе