10.9 C
Прилеп
сабота, 14 септември, 2024
Пела Радио

Јованоски: Наесен во Мало и Големо Коњари ќе заврши изведбата на канализационите мрежи

Се гради примарната канализациона мрежа во село Големо Коњари . Изведбата е започната пред неколку години кога беа поставени 9 800 м. За преостанатите 2 200 м. Општина Прилеп издвои 9 милиони денари. Од кога ќе завршат градежните работи за примарната ќе се поставуваат секундарните приклучоци што вообичаено треба да бидат на товар на домаќинствата, но општината одлучи поинаку.
Општина Прилеп ќе издвои свои средства, најверојатно во септември ќе направиме нова јавна набавка за обезбедување на секундарните приклучоци на фекалната канализација до дворното место на домаќинствата за 204 куќи во Големо Коњари.
Во исто време да напоменам дека за Мало Коњари во тек е јавната набавка за секундарната мрежа во ова населено место, каде што исто има околу 200 приклучоци. Така што на есен, односно септември или октомври ќе се реализира комплетната секундарна канализациона мрежа.
Со тоа ќе се заокружи целокупниот проект на изведбата на канализационите системи во овие две населени места, рече градоначалникот Илија Јованоски, кој денеска беше на увид на градежните работи на канализациониот систем во Големо Коњари.
Паралелно се работи и на уличната инфраструктура, како и на јавното осветлување во двете села, кои гравитираат најблиску до градот Прилеп.

Би можело да ве интересира

Донација од Дрекслмајер за Прилеп-специјално возило за превоз на лица со попреченост

Пела Редакција

Почна плаќањето преку шалтерите во прилепската Пошта со провизија од 35 денари

Елизабета Филипоска

Обвинителството извршило увид, Ристески вели дека се работи за спрега од криминал и политика (ВИДЕО)

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе