16.1 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Петреска од ОК ВМРО-ДПМНЕ :Сугарески и Јованоски се фалат дека направиле нов пат со дебелина на асфалтот од 5-6 цм

Денес ќе презентираме пред јавноста на каков начин работат министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и градоначалникот Илија Јованоски и на каков начин се врши асфалтирањето во нашата Општина. Oва позади мене е новоасфалтираното игралиште во Основното Општинско Училиште “Рампо Левката” Новото игралиште на Јованоски тука траеше само неколку месеци, а сега веројатно ќе го претворат во тревник, бидејќи друго логично објаснување за ова нема.

Ова е типичен пример за тоа како се трошат парите на граѓаните во општина Прилеп на проекти  кои траат само за пред камера. На оваа фотографија е прикажан така наречениот нов пат кој ги поврзува населените места Кадино Село и Галичани. Срамно и понижувачки за жителите од овие две населени места. Сугарески и Јованоски се фалат дека направиле нов пат со дебелина на асфалтот од 5-6 цм. Ги прашуваме Јованоски и Сугарески:

Дали милионските суми со кои се расфрлаат пред јавноста се трошат за асфалтирање на патишта и улици со неколку сантиметри дебелина, или пак дел од тие пари завршуваат МОЖЕБИ во нечии приватни џебови?- меѓудругото , праша на денешната прес конференција, Теодора Петреска,од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп

https://www.facebook.com/okprilep/videos/1094377430935520/?v=1094377430935520

 

 

 

 

 

 

 

Би можело да ве интересира

Силјановска Давкова во посета на Прилеп со наклон пред споменикот на Ченто

Сугарески се повлекува од партиските функции

Дејан Проданоски кандидат за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ ја потврди својата кандидатура

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе