Ново настанатата состојба со Covid-19 вирусот и вонредната состојба во нашата држава направи поместување и прилагодување на некои од активностите на Центар за граѓанска иницијатива – Прилеп.
Проектот „Јакнење на малцинствата и специфичните групи за промовирање на партиципативната демократија на ниво на заедницата фаза II“ – кој се реализира со поддршка од ifa/Zivik Федерална Канцеларија за Надворешни работи на Сојузна Република Германија, се спроведуваше во видоизменети услови.
![]()
Имено, повеќе дневните семинари наменети за средношколци наместо да се реализираат во училници мораше да се префрлат на интернет. Всушност, обуката „Градење на доверба“ за ученици – работни групи, од трите средни училишта: „Јовче Тесличков“ – Велес, „Наце Буѓони“ – Куманово и „Јосиф Јосифоски“ – Гевгелија се реализираа електронски.
Предавачот Даниела Цветаноска направи прилагодување на семинарите за електронско – интернет спроведување и успешно го реализира. Обуката на учесниците на тренингот им донесе запознавање со младинско учество, принципите и формите на младинско учество. Беа презентирани законите и стратегиите кои се однесуваат на млади, а се дискутираше за влијание врз локалните креатори на политики. Се разговараше за јакнење на доверба и соработка меѓу средношколците која носи идентификување на заеднички приоритети и чекори на донесување заеднички решенија. За одбележување е активната вклученост на учениците за време на предавањата, вежбите и дискусиите. Беа посебно активни во делот на вежбите за организирање на состаноци и презентирање и застапување на своите идеи.

