20 C
Прилеп
четврток, 19 септември, 2024
Пела Радио

Градскиот пазар во сабота затворен, а пред пазарот-ПАЗАР!

И, додека градскиот зелен пазар во Прилеп, поради спречување на ширењето на короноварусот одличи да не работи во сабота, кога е пазарен ден во Прилеп , со цел да се намали собирањето на граѓаните во групи,  денеска, сабота 16 -ти април,  за време на вообичаениот пазарни ден, наместо во пазарот, околу затворениот објект на пазари, направен голем импровизиран пазар,  со стотина „тезги“ , и тоа по принципот „продажба на земја“.

Голем број на пазарџии, земјоделци, закупци, својата стока денеска ја донесоа во Прилеп и продава надвор од пазарот, бидејќи тој, сега, во сабота е затворен . А,  прилепчани, кој со маска , кој без маска, и покрај препораките на здравствените власти да го намалат собирањето и да држат социјална дистанца,  едноставно не одолиа ,  да не излезат,  да не се смешаат меѓу пазарџиите и да не си испазарат во стандарниот пазарен ден во Прилеп, САБОТА !

И, после ова останува отворено прашањето „Дали е подобро да работи или не градскиот зелен пазар во Прилеп, во саботните денови или не?!„ Бидејќи, ниту ваквиот  начин на продажба е хигиенски, здрав и правилен, ниту пак, опасноста од ширењето на вирусот би бил , вака, намелен…

 

Инаку, кон крајот на март, ЈКП „Пазари„ донесе одлука ,зелениот пазар во Прилеп да биде целосно затворен и покрај штетите кои им беа нанесени на пазарџиите и претпријатието. Потоа, по неколкудневното затворање,  кое предизвикува навалици пред маркетите и пиљарите,  прилепскиот кризен штаб, во интерес на граѓаните, на една од седниците донесена одлука да се отвори пазарот во работните денови  и да функционира според заострени мерки, секој работен ден од 8 до 15 часот. На градскиот пазар во Прилеп се собира стока од 200 пазарџии.

„На сите продавачи и закупци на тезги ќе им бидат поделени заштитни маски, ракавици и штитници за лице, на влезовите од пазарот ќе бидат поставени средства за дезинфекција, а ќе бидат ангажирани и зголемен број редари, кои ќе помагаат во одржувањето на редот во пазарот, изјави тогаш градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски.

 

Би можело да ве интересира

(Видео) Три дена беснее шумскиот пожар во крушевско

Елизабета Филипоска

Од март зголемување на минималната плата и во приватниот и во јавниот сектор

Гордана Цветаноска

Бројот на новозаболени расте, здравствената тензија не попушта

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе