ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Венци и цвеќе по повод роденденот на Гоце Делчев

729

Во Прилеп одбележани 146 години од раѓањето на Гоце Делчев. По повод 4 февруари, денот кога пред 146 години се родил македонскиот револуционер Гоце Делчев, денеска делегации од: Општина Прилеп, основното училиште „Гоце Делчев“ и здружението „НЕ-ИМА“ положија свежи цвеќиња пред спомен бистата во дворот на училиштето, оддавајќи му почит на великанот.

Ѓорѓи Николов Делчев, познат како Гоце Делчев е роден во Кукуш на 4 февруари 1872 година. Тој е македонски национален херој, учесник во македонското револуционерно движење, деец на Македонската револуционерна организација, идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно националноослободително движење кон крајот на 19 и почетокот на 20 век. Во борба со турската војска, Гоце Делчев загина на 4 мај 1903 год во Баница, Серско, денешна Република Грција.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: