5.6 C
Прилеп
петок, 6 декември, 2024
Пела Радио

Не‘ има и ќе не‘ – порачаа Македонците на семакедонскиот собир во Прилеп по повод роденденот на Гоце Делчев

По 19 пат Прилеп беше домаќин на семакедонскиот собир инициран од Граѓанската иницијатива за национална, културна и европска интеграција на макeдонскиот народ „Не‘ има“ . Поводот е роденденот на Гоце Делчев. Годинава на собирот учество зедоа претставници на Македонците од Бугарија, Грција, Албанија, Косово, Хрватска, Србија и од заедницата во Измир, Турција. Целта на собирот е едно пошироко согледување на состојбата на македонското малцинство во соседните земји и пошироко. Здруженијата на Македонците потпишаа „Декларација“ за зачувување на историскиот,, културниот и јазичниот континуитет на  Македонците во Р. Македонија и надвор од нејзините граници и унапредување на правата на македонското малцинство во Албанија, Србија, Грција и Бугарија.

– Целта ни е да се соберат Македонците од сите околни држави на Балканот, да кажат за своите проблеми, за своите успеси, да кажат за она што ги мачи и она што ги радува во земјите во кои што живеат и да се најде можност во сите соседни земји да се постигне барем она што го имаат другите малцинства во Македонија, вели в.д претстедателот Илија Богатиноски.

Освен во Албанија каде состојбата се подобрува, во Бугарија и Грција нема помрднување од нултата точка рекоа присутните на собирот.

-Не ни дозволуваат да се изјаснуваме како Македонци, се прават разни притисоци, работа не можеме да најдеме, ако најдеме работа платата е мала. Имам притисоци над семејството, ова јас го кажувам лично за мене, но тоа се однесува и за сите Македонци во Бугарија. ОМО Илинден ја направивме и притисоците станаа уште поголеми. Се обративме до бугарското Собрание, до бугарските институции бидејќи сакаме македонски јазик и отворање на македонски училишта во Пиринска Македонија. Ни одговараат дека нема Македонци, односно дека бугарскиот устав не дозволува такви нешта, вели Киро Тилев од ОМО Илинден од Бугарија, кој очекува македонската држава да ги помогне и поддржи во настојувањата да ги уживаат своите национални права таа земја.

Кај нашиот јужен сосед, според Никодим Царкњас од здружението „Виножито“ од Грција, нема никаква промена на државата во однос на правата на националните малцинства.

„ Во Грција нема никакви права. Државата вели дека ние не постоиме таму, не сака да ни даде никакви права, а Европа за сето тоа молчи. Треба секој слободно да се изразува што сака да биде и никој не смее во тоа да го спречува. Јас од мал живеам во Грција ние таму не смееме да го зборуваме нашиот јазик, не смееме да слушаме наша музика, вели Царкњас кој додава дека грчката црква е таа која го манипулира народот: „Грчката црква за жал манипулира со народот, го информира погрешно за македонскиот проблем и не им ја кажува вистината. Тие отсекогаш сакаа тука да го погрчат народот. “

Царкњас потенцираше на внимателност во однос на преговорите за името и упати порака до премиерот Заев дека не станува збор за искреност од грчката страна за решавање на тоа прашање: Сакаат да ни се прават кумови. Нашата влада не треба да прифати ништо, вели тој, иако ги поддржа напорите на двете влади за надминување на проблемите.

Но, ситуацијата со признавањето на националните права на македонското малцинство не е во сите земји иста. Ангел Митревски од Заедницата на Македонците од Хрватска рече дека таму Македонците уживаат поголем број права.

– Можеме да се изјаснуваме, да го користиме македонскиот јазик, ни се финансираат граѓанските задруги со 100.000 евра годишно, имаме свои претставници и совети, во седум градови има паралелки за изучување на македонскиот јазик и култура, со можност за печатење учебници и граматика, рече Митревски.

Учесниците на собирот денеска -4 февруари по повод роденденот на Гоце Делчев положија свежо цвеќе и одржаа беседа пред бистата на македонскиот револуционер во дворот на прилепското основно училиште што го носи неговото име.

Би можело да ве интересира

ШЕСТ ДЕНА СЕ ЗАТВОРЕНИ ОПЕРАЦИОНИТЕ САЛИ ВО ПРИЛЕПСКАТА БОЛНИЦА ОТКАКО ОД СЕПСА ПОЧИНА 52 ГОДИШНА ПАЦИЕНТКА

Пела Редакција

Момче (17 г) се загушило со плин – Најцрна недела во Прилеп

Елизабета Филипоска

Од полноќ дизелот поевтинува за 5 денари

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе