16.3 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Новата учебна година СОУ „Орде Чопела“ ќе ја дочека со реконструирани тоалети

СОУ „Орде Чопела“ летниот распуст на учениците ќе го искористи за подобрување на условите во училиштето. Училиштето, од Програмата на Министерството за образование и наука за реконструкција на средните училишта, веќе има одобрено средства за реконструкција на санитарните јазли, кои моментно се во лоша состојба. При посета на заменик министерката за образование и наука, Елизабета Наумовска во Прилеп, директорката на училиштето, Анета Пејоска, обајасни дека со средства во висина од 2.460.000,00 денари,  ќе се изврши комплетна реконструкција на санитарните јазли во ова училиште .

„Јавната набавка е завршена, потпишан е договорот со изведувачот, што значи дека новата учебна година СОУ „Орде Чопела“ ќе ја дочека со целосно реконструирани тоалети“-рече таа при денешната средба со Наумовска  и градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски.

Заменик министерката Наумовска и градоначалникот Јованоски оставрија средба и со директорите на прилепските основни и средни училишта.

Би можело да ве интересира

Учениците од СОУ “Р.Р. Ричко – Прилеп“ пример за одговорност и грижа за околината

ДОЈДЕТЕ! Економското училиште на 25 ти организира новогодишен базар со хуманитарна нота

Моето омиелно јадење кога бев дете-бабите ги учеа децата за прилепската традиционална кујна!

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе