23.1 C
Прилеп
среда, 17 јуни, 2026
Пела Радио

Моето омиелно јадење кога бев дете-бабите ги учеа децата за прилепската традиционална кујна!

      Тури-потпечи, сутлијаш, зелник, ванилици, сучена кора, девет табани беа дел од специјалитетие  со кои учениците од 5-а од ООУ „Кочо Рацин“ ги пречекаа учениците од 4-1 од ООУ „Кире Гаврилоски-Јане“.

Имено, по повод 20 ноември, Меѓународнот ден на детето,  учениците од четврто еден од ООУ „Кире Гаврилоски-Јане“ со нивната наставничка Розита Кареска,  беа во посета на учениците од 5-а и нивната наставничка Наташа Мирческа во ООУ „Кочо Рацин“.

Домаќините го реализраа својот час по изборниот предмет Готвење, но бидејќи се уште се малечки и не умеат да ги зготват сите традиционални специјалитети, тие напомош ги викнаа нивните вредни златни бабички кои со  радост приготвуваа за нивните внучиња и за гостите од другото училиште.

Оваа необична и многу иновативна активност е идеја на наставничката Розита Кареска, која размислувајќи на кој начин да го одбележи овој ден, дошла до решение кое е навистина необично, акцја во која децата уживаа и научија многу за традиционалните рецепти, за вкусовите кои веќе се забораваат, а преку раскажувањето на бабите научија какво било нивното детство во минатото.

Бабите со радост раскажуваа за нивните омилени јадења кога тие биле деца, но им ги пренесоа  и рецептите од специјалитетите кои ги имаа подготвено.

Домаќините беа навистина широкогради во однос на пречекот, но и гостите не останаа покусо, па на превкусната храна, возвратија со пораки за детството, честитки и стихови кои ги претставија пред нивните поголеми другарчиња, пред нивните баби, пред наставничките и пред директорката на ООУ „Кочо Рацин“.

Ова е еден од начините за добра наставна пракса, која заслужува внимание, а е во интерес на поттикнувањето на љубопитност кај децата, иновативен метод на искствено учење што ги следи современите барања за интерактивна настава. Па, нека биде пример и за другите наставници!

 

Би можело да ве интересира

Советот на Општина Прилеп ја одржа првата седница годинава

Вечерва прва претстава од независна продукција на МТФ „Војдан Чернодрински“во официјалната конкуренција

Во чест на Тоше: Стружанецот Стефан Спироски со прекрасен ковер на песната „Усни на усни“ (ВИДЕО+ФОТО)

Никола Димески

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе