7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Даноски го засилува нападот на Победа!

Крилниот напаѓач Зоран Даноски по 6 години минати во Чешка се враќа во Македонија и во пролетната полусезона ќе настапува за прилепска Победа. Со ангажманот на 27-годишниот Даноски тренерот на Победа Бубања добива квалитетен офанзивец и силен адут во напаѓачката формација на црвено-белите од која напролет се очекува далеку поголема ефикасност за разлика од есенската полусезона. Даноски во есенската полусезона настапуваше за Прибрам во чешката Втора лига, каде на 15 натпревари постигна 4 гола. Во кариерата настапувал за Кожуф, од каде прави трансфер во чешки Мост, па во Прибрам, а како позајмен од овој чешки клуб настапуваше за скопски Металург, Тиквеш Кавадарци и хрватски Интер Запрешиќ. Даноски е шестото засилување на Победа за пролетниот дел во првенството. Прилепчани досега ги ангажираа: голманот Дарко Тофилоски, Иван Ивановиќ, Аљтин Лога, Никола Јаќимовиќ и младиот Благоја Спиркоски, а голема придобивка е останувањето во клубот на еден од најдобрите фудбалери Филип Најдовски.

Би можело да ве интересира

Крушево домаќин на уште еден спортски меѓународен настан

Гордана Цветаноска

Се зацврсти ударната сила на Победа

Прилепчанката Даноска солидна на Зимските Младински Олимписки Игри ЛОЗАНА 2020

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе