16 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Германски инвеститор покажа интерес за Пелагонија

Во кабинетот на Градоначалникот на Општина Прилеп, денеска се оствари средба на првите луѓе на локалната власт од регионов, а во врска со потенцијална нова странска инвестиција. Имено, прилепскиот градоначалник Илија Јованоски беше домаќин на средбата на градоначалниците од Пелагонискиот плански регион (Прилеп, Долнени, Кривогаштани, Крушево, Битола,Могила, Новаци, Демир Хисар и Ресен) со потенцијален германски инвеститор.

Германскиот инвеститор „Aetna“ покажа интерес за вложување во земјоделството. Поточно за откуп на земјоделски производи и нивна преработка. Обврска на општините од овој плански регион е да презентираат детално слика за количествата квалитетно овошје и зеленчук, што може да биде произведено на овој простор. А, според најавите во бизнис планот на инвеститорот е во Прилеп, да отвори преработувачки капацитет, да врши откуп на овие земјоделски производи, кои што потоа би биле пласирани на рускиот пазар.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО)Според склучените договори тутунската реколта 2026/27 ќе биде рекордна

Нов прекин на струјата во одредени делови на градот

Обезбедувач пронајден починат во стражарска куќичка во Прилеп

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе