Витаминка АД Прилеп, за периодот Јануари – Јуни 2020 год., оствари добивка на износ од 9,4 милиони денари ,што е повисока во однос на истиот период лани, кога добиката н акомпанијата изнесувала 7,5 милиони денари, покажува билансот на успехот на компанијата на Македонска берза.
Во текот на извештајниот период не е одобрена дивиденда. Добивката од минатата година е рапределена во резервен фонд за инвестиции во матерјални вложувања.
Вкупните инвестиции во основни средства во 2020 година за извештајниот период изнесуваат 53.255 илјади денари.
Вкупните единечни обврски по кредити на 30.06.2020 година изнесуваат 1.028.390 илјади денари и во споредба со состојбата на 30.06.2019 година бележат зголемување 26 %.
Во периодот Јануари – Јуни 2020 година во П.И “Витаминка” АД Прилеп не се реализирани дополнителни нови вработувања.
Дел од содржината преземена од: denar.mk