26.5 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Концерт за пијано „Македонски ноктурна“ за вљубениците на македонските народни песни

Во ликовниот салон во ЦК „Марко Цепенков“ утре, 6 ти август со почеток во 19.30 часот ќе се одржи концертот „Македонски ноктурна“ на кој ќе настапи пијанистката Ема Попивода.
Kонцертoт за пијано, „Македонски ноктурна“ е на композиторот Димитрије Бужаровски, во кој се изведуваат 12 композиции од овој македонски автор, базирани на македонски народни теми.
Иако композициите се напишани во пијанистичкиот стил на Шопен и Лист, музиката сепак е разбирлива и лесно прифатлива за слушање за публиката поради препознатливите теми од македонските народни песни: Зајди зајди, Дали паметиш Милице, Калеш Анѓа, Јовано Јованке, Не си го продавај Кољо чифликот, Деспина, Море сокол пие, Шеќерна, Во влашкото маало, Не се бели Маре мори, Трнушко, итн.
За овој концерт е снимено и промотивно видео за композицијата „Зајди зајди“ кое стана вистинска сензација на YouTube каналот како и на другите социјални мрежи. Концертот е изведувани во Њујорк, Токио, Лондон, Рим, Будимпешта, Брисел, Гдањск, каде е високо оценет од тамошната музичка критика и за изведбата и за композициите.

Би можело да ве интересира

„Хамлет“ во режија на Брезовец премиерно во прилепскиот театар

Омаж за Дарко Дамески-актерот кој остави траен белег во македонското глумиште

Пела Редакција

ЗОКУМ чести книги, а кафето е на ваша сметка

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе