7 нови случаи на коронавирус, денеска во општина Прилеп информираат oд Центарот за јавно здравје – Прилеп. Од заразната болест оздравеле 5 лица.
Бројот на активни случаи изнесува 39, од кои 29 се наоѓаат на домашно, а 10 на болничко лекување.Во домашна изолација и самоизолација се наоѓаат 58 лица.
Вкупниот број на заразени од Ковид-19 од почетокот на пандемијата изнесува 365, а како последица на коронавирусот починале 24 лица од Прилеп.