7.3 C
Прилеп
вторник, 1 април, 2025
Пела Радио

Одбележана 118 годишнината од раѓањето на Ченто

По повод одбележувањето на 118 години од раѓањето на првиот Претседател на президиумот на АСНОМ, делегации на Општина Прилеп и општинскиот Совет, денеска положија свежо цвеќе пред споменикот на Методија Андонов-Ченто во центарот на Прилеп, оддавајќи му почит на македонски национален борец и деец за македонската кауза.

 Методија Андонов – Ченто е роден на 17 август 1902 година во Прилеп. Во својата биографија бележи значајна политичка активност уште пред почетокот на Втората светска војна.

За време на војната, во 1942 година, бил интерниран во логорот „Чучулигово“, во близина на Петрич, а по ослободување од интернација бил повикан од Главниот штаб на НОБ и ПОМ да се приклучи во Народно- ослободителната војна. По основањето на иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ, на Првото Собрание на 2 Август 1944 година, тој бил избран за негов Претседател.

Методија Андонов-Ченто починал на 24 јули 1957 година.

Би можело да ве интересира

Анкета за работата на СОУ „Наум Наумовски Борче“ Крушево

Елизабета Филипоска

Првото новороденче во Прилеп е девојче

Гордана Цветаноска

79 години од смртта на Мирче Ацев, чествување на прилепската Гимназија и касарната „Мирче Ацев“

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе