11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Награда на Детските Рацинови средби за прилепскиот поет Талијан Ѕвоначар

 

 Меѓу бројните творби, шестооделенецот од ООУ „Кочо Рацин„ ,Талијан Ѕвоначар, по распишаниот литературен и ликовен конкурс за основците и средношколците од земјава на тема „Мојот град, моја инспирација“ , во категоријата, поезија ја освои 3-та награда, на 50-те  Детски Рацинови средби, во категоријата основни училишта, кои се одржаа деновиве во Велес. Тој,  заедно со својот ментор, префесорката ,Јасмина Димириеска, со својата поезијата го промовирааше Прилеп, својот град и го со својата лична творба го воодушеви жирито.

Младиот поет, Талијан Ѕвоначар, за нашиот портал, Радио Пела изјави дека е радосен што го преставувал својот град и што освои наградата:

– Восхитен сум  од целата манифестација која им овозможува на младите да ги истакнат своите поетски чувства и да ги презентираат своите поетски дела.Јас пишувам кога имам инспирација, а ме инспирира се убаво со кое сум опкружен,сонцето, птиците,мојот убав град и се друго.Планирам во иднина да издадам  и збирка, вели прилепскиот млад поет Талијан, а ние му посакуваме среќа во идните негови планови!

Инаку, во родниот град на поетот и револуционер Коста Солев Рацин деновиве се одржуваат 50 –те јубилејни Детски Рацинови средби чиј покровител е Општина Велес. На рационовите детски средби учество зедоа  ученици од сите основни училишта од Македонија кои ја разбираат и ја промовираат поезијата, како најголема човекова креативност на длабочината на човековата душа.  Во „Сокачето на поезијата“ пред Спомен куќата на Коста Солев Рацин во стариот дел на Велес учесниците на средбите присуствуваа на Поетско читање на наградените творби, ја посетија ликовна изложба, а се одржа и грнчарска работилница во Спомен куќата на Рацин.

Би можело да ве интересира

Свечена академија во чест на светите браќа Кирил и Методиј

Пела Редакција

Заврши празникот на театарот во Прилеп! Најдобра, наградена претстава – битолската

Пела Редакција

Премиера на претставата „Семејни приказни“

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе