30.6 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Одржување на турското културно наследство на Балканот

Во рамките на 4-та меѓународна културна манифестација на Балканот, која што го негува културното наследство од Република Турција, во прилепското село Канатларци престојуваше турска делегација.

Тројца пратеници: Кемал Ал Бајрак, Шабан Кардеш, Идаи Севен и претставникот на турското Министерство за култура,Сибел Ујгар на средба со градоначалникот Илија Јованоски ја истакнаа потребата од продлабочување на соработка на културен план.

Турските претставници најавија и можности за збратимување на Општина Прилеп со една општина од турската престолнина Анкара, но и донации за решавање на проблемите со водата и инфраструктурата. Манифестацијата се одржа во организација на фондацијата „Туркмен алплер“ од Анкара. 

Инаку, Канатларци е единствено село со турско население во општина Прилеп. Околу 95 отсто од вкупно 1700 жители се од турска националност.

Би можело да ве интересира

И вечерва на МТФ „Војдан Чернодрински“ две претстави во конкуренција

79 години од раѓањето на доајенот Благоја Спиркоски Џумерко

Покровител на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ оваа година е Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкована

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе