-0.9 C
Прилеп
сабота, 23 ноември, 2024
Пела Радио

Екна изворната македонската песна и оро во Прилеп, утре на Рудина, долненско

Прва фестивалска вечер од манифестацијата која по 46-ти пат се одржува во чест на  Пеце Атанасовски,   играорец и инструменталист, најпознат македонски гајдаџија, посветена на одржување на македонската традиција на народни песни и инструменти.

На камената бина во центарот на Прилеп одекнаа македонската гајда, тапан, зурла, се слушна единствената народна мелодија, кавалче…

Фестивалот утре,  сабота, продолжува со втората вечер, на традиционалното место , на Рудина во Долнени, со почеток во 18 часот, повторно со целовечерен концерт од изведувачи од цела Македонија.

 

Според организаторите на двете вечери ќе настапат околу 120 групи и поединци, и преку своите инструменти и песна ќе го претстават изворниот мелос од местата од каде што доаѓаат.

Фестивалот  „Пеце Атанасовски“ ги запазува сите протоколи за превенција и заштита од корона вирусот, почитувајќи ги правилата за дистанца, носење на маски и без групирање на присутните.

 

https://www.facebook.com/1008823179/videos/10222168196726417/?extid=WOMVvvrd5TWJqz0u

 

Би можело да ве интересира

Солистички концерт на клавир на Мартин Ангелески

Пела Редакција

Гранпри за КУД „Кирил Пејчиновиќ“ од Теарце, а Гајдата на Пеце за Филип Арилон од Велес

Гордана Цветаноска

Авантурите на Ела Вилсон – роман на младата авторка Нина Насеска

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе