Пред почетокот на учебната година општина Крушево изврши дезинфекција во сите училишта на територија на општина Крушево.
Дезинфицирано е ОУ „Никола Карев“, и подрачните училишта, средното училиште „Наум Наумовски Борче“ и ОУ „Св. Кирил и Методиј“ во с. Бучин . Целта е да обезбедиме безбедна средина за учење на учениците,велат од ЛС Општина Крушево.
„Продолжуваме да работиме на оспособување на здрава и функционална средина за учениците за да можат да продолжат непречено со своето образование“, истакна градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски