Со традиционалниот импровизиран напад на градот и на Участакот, и со спектакуларен огномет, вечерва, Прилеп, онака како што и доликува на град- херој, ја одбележува 77-та годишнина од вооруженото борба против фашизмот.
Централната манифестација почнува вечерва од 18.00 часот на плоштадот пред Участакот, Музејот на градот Прилеп, со настап на музчката група „The Four“.„Поздравен говор ќе одржaт градоначалниците на Прилеп и Куманово, а поздравен говор ќе има и претседателот на Владата на Р.Македонија, Зоран Заев.


