16 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Прегазен пензионер

Пензионер се здобил со тешки телесни повреди откако во него удрил автомобил, синоќа во 22:10 часот. Несреќата се случила на крстосница од ул. „Генерал Васко Карангелески“ и „11 Октомври“ каде патничко возило „фолксваген голф“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.У.(43) од Прилеп, удрило во пешакот Л.П.(66) од Прилеп.

Во незгодата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската болница Прилеп. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Прилеп – информираат од МВР.

Би можело да ве интересира

Во с.Алданци кривична против производител на канабис кои засадил тројно повеќе стебла

(ВИДЕО)Запленети 35 кг марихуана кај прилепчанец, кој повторно заврши во затвор

Пела Редакција

Приведен Англичанец, возел под дејство на алкохол во Прилеп

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе