25.6 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

(ВИДЕО)Запленети 35 кг марихуана кај прилепчанец, кој повторно заврши во затвор

На 03.09.2025 на регионалниот пат Битола- Прилеп полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, СВР Битола и САЕ Тигар од Бирото за јавна безбедност при МВР, во рамки на засилените активности во борбата против недозволена трговија со дрога, спречија транспорт на околу 35 килограми марихуана.

По претходно преземени оперативни мерки кон И.А. (36) од Прилеп, кој пред 20 дена завршил со  издржување на казна затвор во траење од 3,5 години за сторено кривично дело „недозволена трговија со дрога”,  на регионалниот пат Битола- Прилеп сопрено е патничко возило „голф“, управувано од лицето И.А. и при извршен преглед на возилото, во багажниот простор пронајдени се две торби во кои беа сместени вкупно 35 пакувања со марихуана, со вкупна тежина од околу 35 килограми.

Марихуаната во утринските часови била пренесена од Р.Албанија, а И.А. требало да ја транспортира до државната граница со Р.Грција, каде требало да биде предадена за понатамошно пренесување до Р.Турција. И.А. е лишен од слобода во ПС Битола и по комплетирање на целокупната документација, од страна на СВР Битола до ОЈО Битола ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело предвидено и казниво по чл.215 од КЗ.

Би можело да ве интересира

Субвенцијата од 80, се зголемува на 100 денари за кгр откупен тутун

Пела Редакција

(ФОТО-ВИДЕО) Карневал Прочка 2026 изложба на маски – децата ја чуваат традицијата

Пела Редакција

Водоводна мрежа во с.Саждево, од денеска приклучоци на домаќинства

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе