24.8 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Приведен Англичанец, возел под дејство на алкохол во Прилеп

На 27.09.2025 во 03:45 часот на ул.„Борка Талески“ во Прилеп, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај при ОВР Прилеп го лишија од слобода М.Џ.Х.(50) од Англија, со привремен престој во Прилеп. При контрола во сообраќајот, полициските службеници запреле патничко возило „сеат“ со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал и по извршена контрола констатирано е дека го управувал под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,60 промили алкохол во крвта.

Лицето е задржано во полициска станица и за настанот е известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Би можело да ве интересира

Најдобрите аматерски филмаџии од Прилеп добија признанија од Фото Кино Клубот

Температура над 40°С – граѓаните да не излегуваат во период од 11 до 17 ч

По еден новозаболен од КОВИД 19 во Крушево, Долнени ,М.Брод и двајца во Прилеп

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе