7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Пандемијата ја скрои програмата за одбележување на 11- ти Октомври

Без традиционален огномет и без масовни собири поради пандемијата ќе се одбележува националниот празникот 11-ти Октомври во Прилеп, значаен ден особено за градот, зашто токму од овој град започна НОБ на македонскиот народ против фашистичкиот окупатор. Акцентот на одбележувањето ќе биде ставен на полагањето на цвеќе на спомениците на хероите кои го дале својот живот за слободата на Македонија и на Могилата на Непобедените, каде се наоѓаат бистите на 10-тина народни херои од тој период и монументалниот споменик „Могилата на непобедените“ каде се испишани имињата на 650 загинати борци од тој период.

На 10-ти октомври, вечерта, ќе има само импровизиран напад на Участакот, но без посебна манифестација како минатите години – објасни градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски

„Програмата започнува утре со отворање на Фестивалот на медот – Медот и пчелните производи инвестиција во вашето здравје. Во сабота од 9 до 13 часот ќе се одржи Крводарителска акција во организација на Општинската организација на Црвениот крст. Вечерта во 19 часот е импровизираниот напад на Участакот, а половина час подоцна во Центарот за култура „Марко Цепенков“ ќе се одржи јубилејното 20-то издание на интернационалниот детскиот фестивал „Ѕвездички“, кој ќе се одржи според сите протоколи за организиирање на настани во затворен простор, односно во бројки согласно пропишаната достанца во салата не смее да има повеќе од 105 лица. Оваа година ќе изостане традиционалниот огномет. Сите знаеме дека огнометот е една од главните причини поради која граѓаните излегуваа во центарот на Прилеп. Во овие услови на пандемија е ризик и потенцијална опасност за ширење на вирусот. Ниту Општина Прилеп, ниту јас како градоначалник немаме право да го ограничуваме правото на слободно двиижење на нашите граѓани, но како одговорна власт ќе ги спроведеме мерките за заштита. Доколку граѓаните сепак се одлучат да излезат во центарот на градот да користат заштитни маски и да држат дистанца. Во недела чествувањето започнува во 8.30 часот со пологање на свежо свеќе на спомениците на Методија Андонов Ченто, Кузман Јосифоски Питу, Алејата на народните херои, споменикот жена Борец и Могилата на непобедените“, истакна Илија Јованоски, градоначалник на Прилеп.

По повод празникот во 12 часот во месноста Топташ ќе се одржи  „Toptash downhill cup“.

Би можело да ве интересира

РК „Прилеп“ згасна

Елизабета Филипоска

Што одговорија прилепчани на прашањето „Како денеска се живее во Прилеп?„

Елизабета Филипоска

Законот за употреба на јазиците објавен во Службен весник

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе