24.8 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Во тек јавниот увид во избирачкиот список

Јавниот увид во Избирачкиот список започна на 23 август и ќе трае 20 дена — заклучно со 11 септември на полноќ. ДИК ги повика граѓаните да ги проверат своите податоци и навреме да пријават евентуални неточности.

Поднесувањето барања за запишување, дополнување или бришење на податоци се врши писмено во подрачните одделенија или месните канцеларии на ДИК, како и по електронска пошта. Комисијата е должна да донесе решение во рок од 24 часа од приемот на барањето, а против одбивачко решение може да се поднесе тужба до Управниот суд, кој исто така одлучува во рок од 24 часа.

Подрачните одделенија, чиј список е објавен на веб-страницата на ДИК, работат секој ден од 8 до 20 часот (и за викенд и празници); на последниот ден од увидот (11 септември) ќе бидат отворени до полноќ за проверка во националниот избирачки список.

Упатство како да проверите онлајн – чекор по чекор:

  1. Отворете ја официјалната страна на ДИК со кликнување на овој ЛИНK
  2. По ЕМБГ“ – внесете матичен број и безбедносен код, па кликнете „Барај“. Ќе добиете потврда дали сте запишани.
  3. Ако забележите неточност (погрешни податоци/непронајден запис), поднесете барање за запишување, дополнување или бришење на податоци – писмено во подрачно одделение/месна канцеларија на ДИК или по електронска пошта на [email protected]. Со барањето приложете соодветни докази.
  • Увидот трае до 11 септември (00:00); по овој рок ДИК го заклучува списокот и го потпишува најдоцна на 3 октомври.
  • За дополнителни информации и контакти проверете ја интернет страницата на ДИК на овој ЛИНК и обратете се на службениот е-маил [email protected].

Би можело да ве интересира

Хуманоста на дело – Крводарителска акција во прилепскиот затвор (фото)

Ристески: Во првите 100 дена, ќе иницираме постапка за 500 нови ургентни вработувања во здравството

Вторник боево граѓање на Леково

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе