7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Лео Клуб Прилеп, млади хуманисти, поттикнувачи на промени во заедницата – Предлог бр.13 за најпрестижната општинска награда „3 ти Ноември“

Ентузијазмот, желбата за создавање добри дела за помош на поединци, на групи, онаму каде треба да се донира, да се помогне, е една од најголемите човечки доблести. Лео Клуб Прилеп е токму таква организација на млади хуманисти.

Ги нарекуваат и Dream Team (Тим од соништата), од едноставна причина што сонуваат со отворени очи и прават човечки – добри дела. Оваа година, која сеуште ја одбележува здравствената криза и тешкотиите од неа, младите од Лео Клуб Прилеп препознаа каде и кога треба да се делува.

Тие, во центарот на Прилеп, во чаршијата, се препознатливи по своите хуманитарни акции со продажба на нивни производи, хуманитарни концерти, активности за донирање на средства за децата од локалната заедница.  

Лео Клуб Прилеп е доказ дека и младите го движат светот, тие, кои што имаат големи соништа, и кои, за разлика од повозрасните најчесто ги преточуваат во реалност. Вредните раце на членовите од клубот преку организирање на донаторски акции: продажба на производи, концерти, преку забава, помагаа за Матеј, за Христијан, за Дејан, за малата Драгана… Да се подари љубов, внимание, насмевка, убав збор, е најхуманиот гест во овие тешки времиња.

Тимот од соништата на Лео Клуб Прилеп е токму тоа – група ентузијасти, хуманости на кои што што почива иднината, а сите ние сме благодарни за тоа, зашто иднината е во нивните раце.

Драги „ лавчиња“ бидете секогаш такви, храбри, како лавови кога треба да се помогне, зашто на таков начин ја враќате вербата во хуманоста кај сите нас!

Нивната мисија: хуманост, помагање таму каде што е потребно, создавање среќа и топлина.

Лео Клуб Прилеп беа победници во онлајн анкетата која што ја спроведе Радио Пела во периодот од 2 – 20 октомври, на која редакцијата на медиумот го доби 13 тиот предлог за Величествени, групи и поединци кои со своите активности и дела ја одбележаа 2020 година.

Лео Клуб е подмладок на добротворната организација Lions club од Прилеп.

Би можело да ве интересира

Три години Радио Пела во етер (фото од манифестацијата )

Елизабета Филипоска

Започнува изборот на 13-сет ВЕЛИЧЕНСТВЕНИ! За кој прилепчанец Вие би го дале Вашиот глас ?!

Елизабета Филипоска

Прилепските лекари и медицински сестри (ЕПИДЕМИОЛОЗИ, ИНФЕКТОЛОЗИ… ) – Хероите на нашето Време! – Предлог бр 6. на Радио Пела за најпрестижната општинска награда „3-ти Ноември“

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе