12 C
Прилеп
среда, 2 април, 2025
Пела Радио

Во тек дезинфекција на јавни површини, влезови на здравствени установи, работни простории во училишта и градинки

Општинскиот кризен штаб наложи, а Општина Прилеп започна да ги пременува  донесените одлуки за локалните активности за заштита на здравјето на граѓаните од корона вирусот. Со возила на Територијалната противпожарна единица, од утринава се дезинфицираат главните и најпрометните улици во населбите на градот. Заради  поголема безбедност на граѓаните кои деновиве ги посетуваат здравствените установи, дезинфицирани беа и влезовите на Општата болница „Борка Талески“, Центарот за јавно здравје, Здравствениот дом и Службата за итна медицинска помош.

Покрај теренската дезинфекција, денеска и утре стручни екипи ќе извршат темелна дезинфекција на работните простории во училиштата и градинките во градот и населените места.Ситуацијата со ширењето на коронавирусот во општината, добива сериозни размери, а од тие причини градоначалникот Илија Јованоски и Општината апелираат на доследно и строго почитување на пропишаните мерки за заштита.

Би можело да ве интересира

Како Прилеп ја дочека Новата 2020?!

Елизабета Филипоска

Локалните и регионални медиуми започнуваат штрајк поради лошатa економска состојба! Во одлуката ги поддржува и (МАН) Македонската асоцијација на новинари

Елизабета Филипоска

Прилеп доцна попладне: Обилен дожд, грмежи, град, прекин на ел.енергија…

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе