24.8 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Центарот за социјална работа ги обединува НВО од социјалната сфера

Граѓанските организации кои делуваат за поддршка на социјално ранливи групи на територијата на општина Прилеп, општина Долнени и општина Кривогаштани денеска на иницијатива и во организација на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Прилеп одржаа средба.

Претставници од ЛАГ АГРО ЛИДЕР, Коалиција СЕГА, Станица ПЕТ, Центар за граѓанска иницијатива, АГТИС, Мрежа на Локални Акциони Групи и Достоинствен работник, на средбата,  ги споделија искуствата од соработката  со Центарот за социјална работа Прилеп. Воедно, беа разгледувани можностите за соработка во наредната година со заедничка цел овозможување на пристап до права, услуги и можности за подобрување на квалитетот на живот на лицата во социјален ризик. Соработката помеѓу Центарот за социјална работа и граѓанскиот сектор е неопходна за заедничко делување и заеднички придонес во промовирање на концептот на социјална правда и градење на инклузивно и праведно општество.

Би можело да ве интересира

Витаминка ќе го донира вишокот храна

Поради високата цена на ел.енергија градот ќе штеди на уличното осветлување

Крушево ќе го испитува јавното мислење за работата на општината и институциите

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе