16 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Од КОВИД 19 почина советничка на Советот на Општина Крушево

54-годишна советничка на општина Крушево, наставничка и работник за влашката култура во Крушево попладнево ја загуби битката со корона вирусот.

Веста ја потврди градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски преку фејсбук статус во кој напиша:

„Денес ја загубивме нашата сограѓанка, член на Совет на општина Крушево, наставник и работник за влашката култура во Крушево. Коронавирусот ни’ одзеде уште еден живот. Секогаш да го паметиме придонесот на Агапи Чункоска во Советот, ООУ „Никола Карев“, но и генерално на општина Крушево. Нејзината смрт нека биде поука за сите нас да ги почитуваме мерките и препораките за спречување од ширење на коронавирусот. Сочуство до семејството! Нека почива во мир.„- напиша Христоски на својот фејсбук профил.

Би можело да ве интересира

Пелагонија Ни старее! Прилеп бележи негативен прираст – Долнени позитивен

ООУ „Рампо Левката“ го одбележува месецот на книгата

Пела Редакција

Гала годишен концерт на КУД „Илинден“ Сиднеј“ – чувар на македонската традиција во Австралија

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе