23.4 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Крушево ги дезинфицира јавните површини

Иако, брјот на заразени во Крушево е минимален , Општина Крушево продолжува со дезинфекција на јавните институции и училиштата, со цел заштита од КОВИД 19.

Во последние 24 часа во Крушево има 1 новозаразен , а од почетокот на пандемијата  регистриани се 49 случаи, од кои 25 се активни.

Градоначалникот истакна дека Територијалната противпожарна единица продолжува со дезинфекција на најпрометните места и јавните институции. “ Покрај донациите од маски кои ги обезбедуваме, важно е да работиме на дезинфекција и одржување на хигиената. Затоа, заедно со ЈП „Комуна“ пристапивме кон една голема акција на чистење на градот.“,- изјави градоначалникот на општина Крушево, Томе Христоски. 

Тој апелираше до граѓаните да бидат свесни и поодговорни кога е во прашање пандемијата и да гипочитуваат мерките на препорачани од Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести.

Би можело да ве интересира

Крушево му оддаде почит на Никола Карев, првиот претседател на Крушевската Република

Денот на наставата по турски јазик одбележан во Канатларци

За потребите на земјоделството во прилепско поставени агрометеоролошки станици

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе