-0.3 C
Прилеп
недела, 22 декември, 2024
Пела Радио

„Каменот“ прва премиера на прилепскиот театар од почетокот на пандемијата

Во театарот „Војдан Чернодрински“ в среда, 25 ноември, со почеток во 18.00 часот премиерно ќе биде прикажана претставата „Каменот“ од Мариус Фон Мајебург, во режија на Кристина Димитрова. Der Stein, или Каменот е една хроника за семејството Хајзинг која го опфаќа периодот од 1935 до 1993 година. Драмата раскажува дел од германската историја, задржувајќи се на овие шеесет години поминати во семејни тајни, лаги и измами, но и во чувство на
вина и одговорност. Фон Мајенбург пишува заедна честа појава, семејство бега од својата вина со избегнување, ревизија и поедноставување на минатото.

„Со помош на разни, добро подесени драматуршки инсталации, Фон Мајенбург го истражува односот меѓу историјата и идентитетот. Неговиот деконструктивистички пристап следи на кој начин преку митот се реобмислува историјата и како митовите се претвораат во темелна приказната за идентитетот. Мајенбург ја користи
структурата за да ја истакне проблематичната и збунувачка природа на паметењето и идентитетот, илустрирајќи како тие два елементи комуницираат и се мешаат меѓусебно.


Претставата Каменот се занимава со она што претставувало предизвик за многу драматурзи, режисери, писатели и уметници во повоениот период: како се чувствуваат нашите предци денес во нас самите? Оваа претстава нуди еден увид во желбата за дознавање на вистината, но без самоповредување, односно без оштетување на
позитивната самоперцепција. Мариусфон Мајенбург се занимава со сложеното прашање на одговорност во контраст со идејата за вина,“ вели режисерот Кристина Димитрова.

Во претставата настапуваат: Наташа Ачански, Катерина Чакмакоска – Клинческа, Димитар Ѓорѓиевски, Јасмина Мицовска- Станкоска, Марија Димитрова, Илија Волчески.
Сценографијата е на Валентин Светозарев, костимографија – Роза Трајчевска – Ристовска, драматург – Лидија Митоска Ѓорѓиевска, а за музиката се погрижи – Томе Темелкоски.

Ова е прва премиера по пандемијата од корона кризата. Се ќе се одвива според сите протоколи за заштита и со само 30 проценти публика во салата од театарот.

Би можело да ве интересира

„Поетско Маркукуле“ по 16 пат за ново уживање во поезијата

Пела Редакција

Прилеп подготвен за карневалот Прочка- пријавувањето на маските трае!

Елизабета Филипоска

Утре, во прилепскиот театар, премиерно, дуодрамата „Мендо и Мајло„

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе