11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

ИН МЕМОРИАМ-Почина прилепскотo новинарско легендарно перо, Драги Баше

Вчера (07.12 2020) на 80 годишна возраст, почина прилепскотo, новинарско легендарно перо,  Драги Драгољуб Башески, познат меѓу прилепчани како Драги Баше.

Драги Башески е роден во Прилеп,1940 година. Во електронските и пишаните медиуми бил од 1958 год. Завршил Педагошка академија во Битола и Белград. Пишувал за весниците: Народен Глас, Вечер, Нова Македонија, Белградски фудбал, Слободна Далмација, Титоградска победа, Скок и Македонски спорт.

Башески соработувал со Радио Прилеп, каде што повеќе години ја уредувал младинската емисија, спортскиот журнал и други емисии од повеќе области. Бил спортски коментатор во Радио Прилеп,во Радио Скопје. Од 1991 година пишувал за спортскиот придонес на Методија Андонов-Ченто, за што објавил фељтон во спортскиот неделник Скок. Објавил повеќе публикации во кои пишувал за Панде Чесноска, Душан Герамитчиоски и Даниел Алексоски.

Негови дела: за спортските легенди, „Прапорчиња“, „Панде Чесноска“, монографијата „Перото на прилепските новинари“, „Родот Башевци од Варош“, „Предадени“, сатирично-хумористичната книги, ќе останат како траен спомен за неговото дело и живот.

Баше, ја сакаше и ја обликуваше карикатурата. Како карикатурист, се занимаваше со цртање на карикатури со молив, хемиски налив и туш. Имаше приредено повеќе изложби на карикатури од сите сфери на секојдневието, опшествениот живот, политиката и спортот.

Спортистите ќе го паметат како одличен спортски новинар, кој коментирал и пишувал за нивните успеси и падови; културните работници како  публицист, човек визонер, уметник, карикатурист, љубител на пишаната реч и истражувач; новинарите, како колега, кој несебично се вложувал во поддржување и афирмирање на новианрската професија, во нејзино етаблирање во опшественото живеење како важна дејност, во креирањето на важноста и улогата на новинарот , како човек пример за професионелен новинар, кои секогаш излегувал во пресрет на младите колеги да им помогне и да ги едуцира. А, заедницата, таа, ќе го памети како граѓанин со ведар лик, почитуван , уважен, угледен, ценет и признат секаде каде што бил присутен со неговиот лик и дело.

Почивај во мир!  

Би можело да ве интересира

Цвеќе пред бистите на Делчев,Тошев,Тито

Елизабета Филипоска

Бројот на активни случаи со КОВИД 19 во општина Прилеп се искачи на 123

Гордана Цветаноска

Да дадеме поддршка на лицата со аутизам и на нивните семејства

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе