0.8 C
Прилеп
четврток, 26 декември, 2024
Пела Радио

Иновацијата “Бионичка рака“ на младинскиот македонски тим е глобален победник

Оваа година, на глобалниот младински предизвик под 18 години во организација на „Генерација без граници 2019/20203,  во конкуренција од 180 тима, од 36 земји од целиот свет,  глобален победник е  македонскиот тимот „ЕБионикс .  

Членови на тимот : прилепчанец, Борис Ночески,(кој е предлог на “13 -сет Величенсвени“, манифестација на Радио Пела ), Орхан Багашов (лидер на тимот),  Анамариа Илиева и Тео Китановски, млади истражувачи кои најдоа решени за бионичка рака ( Venus Arm – 3Д печатена бионичка рака) , наменета за лицата со недостаток на горен екстремитет.,само потврдија дека младите луѓе во Македонија имаат идеи, но потребна е поголема поддршка, од општеството и државата да ги вреднуваат нивните изуми и да им овозможат да се реализираат и патентираат.

Инаку, идејата на тимот беше да направиат евтин, и, за сите достапен производ, за секој кој има потреба од ваква протеза, која пак, преку  3Д принтер, може сам да си ја отпечати, и, со набавка на други потребни делови да добие протеза, која би го чинела околу 250 евра, наместо десетици илјади евра,  колку што чини ова помагало во продавниците за ортопедски помагала. Тимот дури дава и упатство, и насоки, кои ќе им помогнат на лицата да направат протетичка бионичка рака.

Иако, пред се, тимот на овие млади истражувачи во наредниот период е насочен кон усовршување на бионичката рака, тие веќе размислуваат и за отворање на старт-ап претпријатие, преку које нивниот производ ќе биде подостапен за што поголем број луѓе кои имаат потреба од бионичка протеза. И, како резултат на тоа, младиот тим на иноватори, веќе е во преговори за партнерство со 2 светски познати компании, една за 3 Д печатење, а другата компанија е од областа на електрониката.

“Со нив сакаме да бидеме партнери. А, целта на ова партнерство е да се олесни процесот на добивање делови од страна на корисниците, па на таков начин и ние ќе можеме индиректно да се финансираме, а не од корисниците, туку од овие фирми со кои ќе соработуваме.“– истакна прилепскиот млад иноватор, Борис Ночески за Радио Пела

Инаку, на националниот младински предизвки „Генерација без граници„ кој се одржа порано годинава со поддршка од Фондацијата Македонски Телеком, тимот eBionics (заедно со тимот Mind Benders со нивното дигитално ресторанско мени)  беа одбрани да се натпреваруваат како дел од глобалниот предизвик во Њујорк.

Би можело да ве интересира

Понеделник е неработен ден за сите граѓани

Расчистен и попесочен коловозот на превојот Плетвар

Гордана Цветаноска

Втор ден протест на тутунопроизводителите: Ние си ги бараме нашите права!

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе