Започна асфалтирањето на мостот кај Сточен Пазар. До крајот на месецот, надлежните велат дека ќе биде пуштен во употреба.
Во тек се финалните изведби на мостот на градската река. Ваков мост не е направен во последните 50 години. Убеден сум дека стопанските субјекти ќе добија стандарниот транзит, бидјежи би имале и најголем бенифит од изградбата на овој мост на една од најфреквентните улици , ул.“Трајко Николоски.-истакна градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски
Големината на мостот, истакна Илија Јованоски, ги задоволува сите стандарди кои се потребни за товарниот сообрајќај и за велосипедизам.
„Да напоменам дека во најтесниот дел, широчината на мостот е 22 метри, каде се предвидени четири коловозни ленти , од кои две во едниот и две во другиот правец, а од двете страни на овие коловозни ленти ќе има по една велосипедска и една пешачка патека„.- изјави Јованоски
Градоначалникот Јованоски додаде дека во наредниот период, односно после месец март ќе биде реконструирана и улицата „Трајко Николоски“, од потегот на мостот до улицата „Александар Македонски“ со што комплетно ќе биде реконструиран овој дел од градот и значително ќе се подобрат условите за одвивање на транспортниот сообраќај.