16.4 C
Прилеп
среда, 17 јуни, 2026
Пела Радио

(ВИДЕО) Честитки за Јордан – крстен на Водици, најсреќниот во Прилеп

Јордан Ангелески, 17 годишник, ученик во прилепската гимназија е најсреќниот годинава кој го фати светиот крст од осветените води во базенот во Аква паркот на хотелот „Салида“ на централната манифестација за Богојавление -Водици во Прилеп.

На Ангелески ова му е прво учество. Денеска му е именден, а на денешен ден, на Водици тој е крстен.

-Ова ми е прв пат и очигледно прва среќа. Огромно е задоволството, но и честа да се учествува на манифестацијата за Водици. Посебно сум среќен дека и на Водици сум крстен. Како средношколец, очекувам повеќе среќа. Се пријавив да скокам за здравје. Среќата за мене е посебна. Бог се јави-навистина се јави, изјави најсреќниот прилепчанец Јордан Ангелески.

Општина Прилеп продолжува да биде покровител на сите настани, како и денешниот на Богојавление -Водици. Му посакувам среќа на Јордан Ангелески и му го честитам именденот, рече прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски.

„Се надевам  годинава посреќни и повесели, оваа година околу стотина,  на сите места каде што општината беше покровител, повеќе од 500 луѓе учествуваа во овај свечен чин. Ги поврзувам и на некој начин, иако сме секуларна држава, но ние сме христијани, претежно христијанско население во општина Прилеп и е едно мое големо задоволство, многу учесници, млади луѓе кои што ја имаат, желбата да ја продолжат традицијата која што не губиме со години на назад. Уште еднаш честитки, благодарам и до останатите спонзори или покровители, но овај настан, се надевам до година дека ќе бидат и побројни и дека уште побогати награди би имале, да не биде тоа предизвик само наградата, како што каже и Јордан, туку навистина да се посветиваме за нашето здравје, за добробитот и за една поспешна и посреќна држава, Македонија. Општина Прилеп подари еден сувенир за спомен и еден ваучер од 20.000 денари, кој што сметаме дека, бареме на некој начин, ќе му даде дополнителна сатисфакција. Уште еднаш, ја користам приликата, им посакам многу успеси понатаму во животот, добро здравје, добро здравје на неговото семејство и на сите граѓани“, рече Проданоски.

На денешната централна манифестација учествуваа над 100 верници.

Би можело да ве интересира

Димитриевски од ЗНАМ го прифати повикот за национално обединување на Мицкоски

Пела Редакција

Во Прилеп слави ВМРО ДПМНЕ со (неофициално) три свои пратеници

Пела Редакција

Подмирување на сметките е проблем на секое трето семејство во Македонија

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе