11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

За обнова на струмички “Глобал“ ќе донираат и прилепските јавни претпријатија, локалната самоуправа…

Врз принципот на солидарноста, сите единиците на локалната самоуправа, јавните претпријатија и другите правни лица основани од единиците на локалната самоуправа, јавни претпријатија, органите на државната управа, јавните претпријатија основани од државата, акционерските друштва во државна сопственост, агенции, фондови, бироа, заводи, управи и сите останати државни институции, како приватниот сектор, во рамки на своите финансиски можности , со одлика на Влада се препорачува да овие институции донираат средства на Здружението на граѓани „Обнова на Глобал” – Струмица, со цел обновување и реконструкција на опожарениот објект на ГТЦ „Глобал” – Струмица.

Вака одлучи Владта на денешната седница по повик за донација од стрна на Здружението на граѓани „Обнова на Глобал” – Струмица.

И, Здружението на граѓани „Обнова Глобал” – Струмица ги повикува сите заинтересирани правни и физички лица и здруженија, државни институции и органи и единици на локалната самоуправа, согласно своите финансиски и материјални можности да донираат во санирањето на последиците, обновата и реконструкцијата на ГТЦ „Глобал” Струмица што беше опожарен на 2 јануари годинава.

– Паричните средства ќе бидат наменети за санирање на последиците и за што поскоро пуштање во употреба на ГТЦ „Глобал” – Струмица, а со самото тоа и овозможување на повторна егзистенција на стотици граѓани од Струмица и од другите соседни општини.- стои во соопштението на здружението на граѓани.

Би можело да ве интересира

Утревечер во прилепскиот театар, претстава за еден трагач по индивидуалната слобода

Пела Редакција

Кој ќе пази „што ќе се прави“ на изборите?

Пела Редакција

Во прилепскиот театар се поставува претставата „Аудиција“ во режија на Владимир Милчин

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе