Центарот за современа ликовна уметност Прилеп, со Интернационалната ликовна колонија која е најстара во Југоисточна Европа, има за цел да ги одржи традиционалниот текови на уметноста во различни гранки но, и да биде авангарда за одредени текови во културното живеење.
Културниот менаџмент е далеку од развиена гранка во Македонија. Еден уметник своето дело го гледа како чедо. Тој уметник не може и да го твори и да го продава, и да го презентира.Како што има потреба за музичкиот сектор, од цела организација позади – техничка,која што не подлежи на изведувачите, значи не е само пејачот во прашање, туку за тоа да го видите како настан, таму постои цела организација. Исто така треба да има една организација и околу ликовните уметници и нивниот производ, тие прават производ, тие завршиле факултет и нивниот производ треба да биде достапен на пазарот и треба реално да се цени. Тие треба да можат да заработуваат од тој производ, вели Јана Јанеска Ристески од ЦСЛУ.
Во кои правци се развива современата уметност, како уметниците творат во услови на пандемија, што е потребно уметноста и културата да се доближи до модерните услови за работа и опстојување преку менаџирањето на продукцијата, разговор со Јана Јанеска Ристески, менаџер на Центар за современа ликовна уметност Прилеп, на следниот линк: