8 C
Прилеп
вторник, 1 април, 2025
Пела Радио

ВМРО ДПМНЕ и во Прилеп собира потписи за одлагање на пописот

Почна акцијата на опозциската ВМРО ДПМНЕ низ земјава за поништување на Законот за попис во април годинава, барајќи оваа статистичка операција да се  одложи за една година. На плоштадот „Методија Андонов – Ченто„ и на повеќе пунктови низ прилепската чаршија, денеска граѓаните на Прилеп може да да го дадат својот потпис за оваа иницијатива.

За опозицијата спорни се членовите, кој се има право да попишува, но и кој ќе ги дава податоците на граѓаните кои ќе се попишуваат. Иако, граѓанските потписи не можат да се искористат како валидни во ниту една институција, бидејќи не се собираат во канцелариите на Државната изборна комисија, сепак од ВМРО ДПМНЕ велат дека преку потписите го имаат легитимитетот од граѓаните.

Граѓаните, пак, кои денеска се потпишуваа на овие листови на пунктовите велат пораката до власта е дека се против криминален попис.

„.Сите знаеме како беше насилно донесен Законот за попис, со злоупотреба на европското знаменце, во скратена постапка. Како резултат на ваквиот лош закон наместо статистичка, добиваме политичка операција.“- велат од ОК на ВМРО ДПМНЕ – Прилеп

Инаку, пописот на населението и домаќинставата треба да почне за 40 дена, ваква голема статистичка операција во земјава не е одржана речиси две децении.

Би можело да ве интересира

Кузманоска: Времето кога Ковачевски беше премиер, беше време на порази и неуспеси во Македонија

Пела Редакција

Двајца прилепчани во највисоките партиски тела на „Движење ЗНАМ – За Наша Македонија“

Пела Редакција

Кандидат за градоначалник на СДСМ за Крушево е актуелниот градоначалник

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе