7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

По повод патронот на библиотеката награди за вљубениците на книгата и пишаниот збор

ЈОУ Градска библиотека „Борка Талески“-Прилеп, го одбележa патрониот празник 2-ри март , денот на херојската смрт на Борка Талески и Лазо Филиповски- Лавски.


По тој повод делегации од институцијата која го носи името на херојот, претставници од општина Прилеп, претставници од боречката организција Прилеп, положија свежи цвеќиња пред споменикот во месноста „Чашка“, во чија близина 1942 година, загинаа народните херои Борка Талески и Лазо Филиповски- Лавски, пред бистата на Борка Талески во Алејата на народните херои и на Могилата на непобедените во Прилеп и пред бистата на Борка Талески во просториите на библиотеката, која го носи името на народниот херој.

По повод патрониот празник, Градската библиотека од 1 ви март во текот на целата работна недела, заклучно со 6 ти март , зачленувањето и обновувањето на годишното членство е по намалени цени. Во одделот за деца членарината изнесува 150 денари, додека во одделот за возрасни е 200 денари.


Библиотеката во чест на патронот додели награди и благодарници на редовни читатели и вљубеници на книгата. Награди и благодарници за „Најредовни читатели на 2020“ добија Марија Ацеска, ученичка од 6 одд. во ООУ „Кире Гаврилоски-Јане“ и Афродита Дамкоска – фотограф во фото студио „Лозиго“. Воедно беа доделени и награди и благодарници за најдобрите од трите конкурси за основниците.

Награди и благодарници на ученици од конкурсот за „Најдобар краснопис“ добија: прво место Андреа Андрееска – ООУ „Блаже Конески“- ментор Габриела Стевананџија, второ место Ана Марија Паризоска од ООУ „Рампо Левката“ – ментор Весна Цапеска, трето место му припадна на Ангел Мошков  од ООУ „Кочо Рацин“ кој без ментор- самоиницијативно учествувал на конкурсот.

Награди беа доделени и на учениците од конкурсот за „Најдобар рецитатор“. Прво место и припадна на Софија Оџаклиеска од ООУ „Кире Гаврилоски – Јане“ – ментор Сузана Николоска, второто место на Исидора Николоска ООУ „Добре Јованоски“ – ментор Јагода Волческа, а трето место на Талијан Ѕвончар од ООУ „Кочо Рацин“ – ментор Габриела Стојаноска Станоеска.

На овој ден, на патронот на библиотеката беа деделени и награди на учениците од конкурсот за „Најдобра лична творба“. Прво место го доби Теодора Георгиеска ООУ „Гоце Делчев“ – ментор Весна Крстеска, второ место Лаура Кајџаноска  од ООУ „Климент Охридски“, ментор Јулијана Талеска, а за трето место беше награден Стефан Тасески од ООУ „Гоце Делчев“. 

Би можело да ве интересира

Сабота промоција на книгата „Културолошки точки на Македонија“ од Александар Јорданоски

Елизабета Филипоска

Филм +музика + поезија = Реобмислување, поинаква форма од оригиналот +ДДВ

Гордана Цветаноска

Се’ е подготвено за детскиот театарски фестивал „Силјан Штркот„

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе