7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Талевски: Се обврзавме и стоиме на ветеното за тутунарите

Прес конференција денеска одржа пратеникот Миле Талевски, кој потсети на заклучоците од последната седница на Владата, меѓу кои, како што рече, е најважното прашање кое се однесува на дооткупување на вишокот на тутун. Прес конференцијата ја пренесуваме во целост:

“Владата предводена СДСМ, покажува и докажува дека интересите на тутунопроизводителите се врвен интерес на државата, дури и во услови на здравствена и економска криза.

Се обврзавме и си стоиме на дадениот збор пред тутунарите, дека ќе им го решиме најгорливиот проблем, а тоа е целосен откуп на вишокот произведен тутун.  

Во таа насока, на последната седница Владата донесе заклучок, со кој му укажува на Тутунскиот комбинат Прилеп да откупи дополнителни 700 тони тутун од вишокот од годишната реколта. 

Владата преку својот претставник во ова акционерско друштво, ќе иницира итна постапка за реализација на овој заклучок на собранието на акционери на Тутунски Комбинат Прилеп, а средствата ќе бидат обезбедни преку Ковид програмата.

Дополнително, околу 600 тони од годинешниот вишок на произведен тутун ќе бидат преземени од другите откупни компании во државата. 

Дека водиме максимална грижа за маката на секој тутунопроизводител, кажува и фактот дека Тутунскиот комбинат – Прилеп ја презема реализацијата на 785 договори од Далија табак – Делчево, за откуп на предвидените 455 тони, од причини што  оваа компанија не ги обезбеди потребните средства за откуп на тутунот

И додека СДСМ обезбедува конкретна помош за земјоделците, ВМРО-ДПМНЕ ги блокира процесите во Собранието и е против петтиот пакет антикризни мерки, со што е против исплатата на 6 милиони евра за тутунарите.

Мицкоски и ДПМНЕ прават се’ за помошта да не заврши во рацете на тутунарите.  

Наспроти тоа, СДСМ останува на страната на производителите на тутун. Продолжуваме посветено да работиме за интересите на земјоделците и да ги ублажуваме економските последици кои ги наметна пандемијата”, рече пратеникот Миле Талевски.

Би можело да ве интересира

Приведен крадец, одземеното вратено на сопственикот

Пела Редакција

Прилеп повторно со неславно второ место по бројот на новозаразени со Ковид

Гордана Цветаноска

Поевтини горива од полноќ!

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе