30.2 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

РК Прилеп славеше победа над Радовиш

Ракометарите на Прилеп по два порази на отворањето на плеј-аутот, денеска славеа победа, откако на свој терен со 20-17 беа подобри над Радовиш. Натпреварот за домаќините започна многу лошо бидејќи имаа негатива од шест гола. На полувреме сепак гостите успеаја да ја задржат позитивната (8:9). Вториот дел од средбата дојде до израз желбата за победа кај ракометарите на Прилеп. Главни актери на победата на прилепчани беа Шокоски со пет и Тренчевски и Чантурија со по три, а кај поразениот тим се истакна Илиев со седум гола. РК Прилеп заслужено ги впишаа првите бодови во борбата за опстанок во третото коло од плеј аутот.

Би можело да ве интересира

ПРИЛЕПЧАНИ ДОБИЈА СЕ: ПЕХАР, АПЛАУЗИ, ПА И ТРИ БОДА

Крчмаревиќ ќе го наследи Бубања на клупата на Победа

Три прилепчанки во македонската женска фудбалска репрезентација за евро квалификациите (ФОТО)

Никола Димески

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе