Ракометарите на Прилеп по два порази на отворањето на плеј-аутот, денеска славеа победа, откако на свој терен со 20-17 беа подобри над Радовиш. Натпреварот за домаќините започна многу лошо бидејќи имаа негатива од шест гола. На полувреме сепак гостите успеаја да ја задржат позитивната (8:9). Вториот дел од средбата дојде до израз желбата за победа кај ракометарите на Прилеп. Главни актери на победата на прилепчани беа Шокоски со пет и Тренчевски и Чантурија со по три, а кај поразениот тим се истакна Илиев со седум гола. РК Прилеп заслужено ги впишаа првите бодови во борбата за опстанок во третото коло од плеј аутот.
следна вест