12 C
Прилеп
среда, 2 април, 2025
Пела Радио

Шкендија – Победа 3:0

Лидерот на табелата Шкендија, без поголеми проблеми славеше против прилепска Победа во воведниот меч од 22-то коло од Македонската лига.
Шкендија одлично го отвори мечот и поведе уште во 9-та минута преку Марјан Радевски, а до полувремето Емани погоди за сигурна предност на тимот од Тетово.
Второто полувреме почна одлично за домаќините кои постигнаа и трет гол преку Муслиу, што на крајот се покажа и како конечен резултат.
Со оваа победа, Шкендија во моментов има 14 бода предност во однос на второпласираниот Вардар, кој според најавите утре против Силекс ќе настапи со младински состав како знак на бојкот и незадоволство од одлуката на ФФМ да ја помилува Шкендија за прекршеното правило за младински фудбалер на мечот со Академија Пандев.

Би можело да ве интересира

Победа последна на табелата и со тренер во повлекување

ЗАЕДНО ЗА ПОБЕДА : Прилепчани ајде сите на градски за Победа , за својот клуб , за своите црвено бели (ФОТО)

Никола Димески

Успешно заврши ракометниот турнир во Прилеп. За прв пат турнирот го освои странска екипа

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе