11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Приоритет за вакцинирање ќе имаат лица над 75 години

20.000 македонските граѓани постари од 75 години ќе се вакцинираат како приоритетни, од првите 24.000 дози на „Астра Зенека“ кои пристигнаа во земјава. Вакцините за вкацинацијата, која треба да започне на 1 април, од денеска треба да се дистрибуираат во сите градови, а во меѓувреме матичните лекари до 6 април треба да ги пријавата своите пациенти од над 75 години за вакцинација во системот на „Мој Термин“, и да ги известат за тоа. Во моментов „Астра Зенека“ е единствената вакцина достапна за македонските граѓани.

Филипче денеска информираше и дека компанијата „Фајзер“ конечно го потврдила договорот за испорака на вакцини во земјава, и во текот на неделава треба да се потпишат договорите со земја-членка на ЕУ како трипартитен договор за достава на „Фајзер“ вакцините. А, за утре е закажан и состанок на Комисијата за заразни болести која ќе ја анализира состојбата со пандемијата и евентулно воведување на нови рестриктивни мерки, 

Би можело да ве интересира

Поправал трактор и тешко се повредил

Пела Редакција

Руската амбасада и Општина Прилеп го одбележаа Денот на сеќавањето

Гордана Цветаноска

Се дигитализира архивата на театарот „Војдан Чернодрински“ Прилеп

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе