30.6 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Општина Прилеп: осуммина излекувани и три нови случаи од корона вирусот

Денеска, четврток, 30 ти април, во Општина Прилеп се евидентирани 3 нови случаи на новозаболени од КОВИД-19, а 8 пациенти се излекувани од оваа заразна болест;
На Инфективното одделение во прилепската Општа болница „Борка Талески“ хоспитализирани се 16 лица. Од нив, 14 се позитивни на коронавирус а двајца пациенти се наоѓаат во делот на изолација. Двајцата се негативни на КОВИД-19, задржани се заради примање терапија за подобрување на нивната општа здравствена состојба;
Во самоизолација се наоѓаат 228 лица;
Во изминатото деноноќие немало нарушување на полицискиот час, информираат од прес службата на Општина Прилеп

Би можело да ве интересира

❗ УХМР издаде жолто ниво на предупредување од поплави ❗

Смртта на близначињата е како резултат на премрзнување, велат од прилепската болница

Пела Редакција

Пријавете се за хуманитарната трка „Prilep run 2026″

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе